spot_img
13.8 C
Skopje
недела, мај 30, 2021
spot_img

Заев и Спасовски во Лазарополе на завршната вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР

Денеска, во кампот за обука на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Лазарополе, првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Сашо Тасевски, заменик директорот на БЈБ Ариф Асани заедно со началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски  и командантите на специјалните единици беа домаќини  на завршната вежба на која присуствуваа и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик претседателот на Владата за борба против корупцијата, Љупчо Николовски и министрите Венко Филипче и Благој Бочварски.            

Со особено задоволство од присутните беше  проследена заедничката завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.

Станува збор за полициски службеници, коишто успешно ја завршија претходната селективна обука и се пријавија за работа токму во овие организациони единици на МВР. За време на вежбата пред присутните високи гости, кандидатите ги демонстрираа нивото на подготвеност, вештините и тактиките кои ги совладале за време обуката, кои ќе може да ги применуваат во секојдневните работни активности во двете елитни единици на Министерството за внатрешни работи. Во оваа пригода министерот Спасовски на претседателот на Владата, Зоран Заев му додели плакета за соработка и партнерство, а благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР им додели и на градоначалникот на Општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани и директорот на Националниот парк Маврово, Самир Ајдини.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести