spot_img
18.8 C
Skopje
недела, мај 30, 2021
spot_img

Во главниот град на Франција се одржа пробен концерт, со цел властите да ја проверат можноста за враќање на „нормалниот живот“

Во главниот град на Франција се одржа пробен концерт на групата Индокин, со цел властите да ја проверат можноста за враќање на „нормалниот живот“, поради подобрувањето на епидемиолошката состојба со коронавирусот.

На концертот присуствувале околу 5.000 посетители кои морале да носат маски и да покажат потврда за негативен резултат на тест на коронавирусот, но не биле обврзани да го почитуваат физичкото растојание.

Музичкиот настан започнал во 17 часот и завршил во 21 часот, кога во Франција почнува полицискиот час.

На концертот можеле да присуствуваат лица на возраст од 18 до 49 години, кои претходно немале здравствени проблеми.На сличен експеримент во Барселона кон крајот на минатиот месец немало навестувања за високо ниво на инфекција меѓу посетителите на концертот.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести