spot_img
22.8 C
Skopje
сабота, мај 29, 2021
spot_img

Уште ова ни фалеше: Откриен хибрид на британскиот и индискиот сој на корона вирусот

Здравствените власти во Виетнам откриле нова варијанта на корона вирусот, која е мешавина на индискиот и британскиот сој и се шири мошне брзо преку воздухот, рекол виетнамскиот министер за здравје Нгујен Танг Лонг.Виетнам минатата година успешно го спречи ширењето на корона вирусот, но сега е соочен со епидемија која се шири многу побрзо. Од крајот на април заразени се речиси 3600 луѓе во 31 од 63 града и провинции, што е половина од вкипниот број на заболени во Виетнам.

– После издвојувањето на генот кај последните заболени пациенти, откривме нов сој кој е мешавина на индискиот и британскиот, рекол Лонг, напоменувајќи дека тоа е индиски сој со мутации кои првобитно и припаѓале на британската варијанта на корона вирусот.

Тој додал и дека резултатите од лабораториските испитувања покажуваат дека новиот сој, кој се пренесува побрзо и полесно, сега мошне брзо и се размножува што го објаснува толку големиот број случаи на различни локации за многу кус временски период.

Од почетокот на пандемијата во Виетнам се заразени 6.396 лица, а умреле 47.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести