spot_img
18.8 C
Skopje
сабота, мај 29, 2021
spot_img

Двегодишната Каше Квест од неодамна стана член на друштвото на најинтелигентните луѓе во светот

Двегодишната Каше Квест од неодамна стана член на друштвото на најинтелигентните луѓе во светот, Менса.

Имено, таа има коефициент на интелигенција дури 146.

Просечниот IQ изнесува меѓу 85 и 115, а членови на Менса може да станат само оние кои спаѓат во два проценти од вкупната светска популација, со исклучително висок IQ.

– Каше е неверојатно девојче, а во нејзиниот случај е уште поневеројатно тоа што нејзините родители рано ги препознале нејзините потенцијали, изјави Тревор Мичел, извршниот директор на ова друштво.

Тој истакна дека членството ќе и помогне во уникатните предизвици со кои надарените млади лица и деца секојдневно се среќаваат.

– Не е секогаш лесно да се биде најпаметната личност во просторијата, а Менса разбира и колку на младите им е важно да се вклопат меѓу останатите, а свесни сме и дека потенцијалот на детето често не се препознава на време, додаде тој.

Со неполна година ипол Каше веќе ги разликувала сите облици, бои и букви, а сега од втората кон третата година таа започнува да учи да чита.

– Веќе некое време знае да брои до 100, на карта според обликот ги разликува сите 50 американски држави, а ги научи и кратенките од хемиските елементи, изјави нејзината мајка Сукџит Атвал.

Комуникациските способности на ова двегодишно девојче, исто така, се многу напредни, па така таа со леснотија научила и 50 знаци од знаковниот јазик, а во моментот иако не го зборува најдобро ниту мајчиниот јазик, англиски, таа учи и шпански јазик.

– Да учите со неа е уживање. Навистина брзо памти и што е уште поважно ги става поимите во контекст, не учи напамет, изјави нејзината мајка која вели дека Каше истовремено се однесува и како нејзините врсници.

– Понекогаш кога не е се по нејзино, ја фаќаат „детските напади на бес“, раскажува мајка и, а неретко со родителите таа преговара и околу разните забрани и казни.

– Главната разлика меѓу неа и повеќето деца на нејзина возраст е во тоа што разбира многу повеќе работи од тоа што е нормално за тој период, па така ние внимаваме што се зборуваме пред неа, додаде нејзината мајка, која призна дека и самата често заборава дека нејзината двегодишна ќерка сфаќа работи кои не се за нејзината возраст.

Инаку, коефициентот на интелигенција се одредува со стандардизирани тестови од различни области, математика, јазични вештини, перцепција и според Гинисовата книга на рекорди најголемиот IQ во светот го има американската авторка и предавач Мерилин вос Саван (74), а тој изнесува неверојатни 228.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести