spot_img
21.8 C
Skopje
петок, мај 28, 2021
spot_img

Санкции за непочитување на мерките за справување со Ковид 19- претоварени автобуси се движеле кон Охрид

На 28.05.2021 во 08.10 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Другово, полициски службеници од ПС за БПС Кичево извршиле контрола во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар, управувани од Б.М.(63) од с.Балиндол, гостиварско и И.И.(51) од с.Форино, гостиварско. При контролата било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75% исполнетост на капацитетот на возилата кои вршат јавен превоз на патници односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија.

Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести