spot_img
17.8 C
Skopje
петок, мај 28, 2021
spot_img

Еве колку луѓе се ЗАРАЗЕНИ ПОСЛЕ ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНА

Помеѓу јануари и април оваа година, приближно 0,01 процент од луѓето вакцинирани со две дози на вакцината се заразиле со коронавирус, покажува  американска студија која тврди дека вакцините се многу ефикасни.

Извештајот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести ги документира таканаречените случаи на „пробив“ на вирусот меѓу 101 милиони ревакцинирани Американци.

„Иако се работи за високо ефективни вакцини, овие случаи се очекувани, особено пред имунитетот кај популацијата да достигне доволно ниво за понатамошно намалување на преносот“, се вели во извештајот

Истражувањето го опфати периодот од 1 јануари до 30 април.

Вкупно 10.262 инфекции се документирани две недели или повеќе по вакцинацијата со втора доза на една од вакцините одобрени од Центрите за контрола и превенција на болести – вакцини Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон.

Во просек, овие пациенти имаат 58 години, а повеќето од нив, во 63 проценти од случаите, биле жени.

Од вкупниот број, 706 случаи или седум проценти од пациентите биле хоспитализирани, а 132 или еден процент починале поради причини поврзани со КОВИД-19. Останатите биле лесни или асимптоматски случаи откриени со рутинско тестирање.

Ова значи дека стапката на хоспитализација во вкупниот број на вакцинирани е приближно 0.0007 проценти, а стапката на смртност е 0.0001 проценти.

Геномското секвенционирање на достапните случаи на инфекција покажува дека најчестата варијанта на вирусот во случаи на пробив е британската – Б.1.1.7.

„Бројот на болести, хоспитализации и смртни случаи што ги спречува вакцинацијата далеку ги надминува случаите на пробив “, напишаа авторите.

Центарот за контрола и превенција на болести, сепак, забележува дека е многу веројатно дека има повеќе случаи на пробив бидејќи луѓето кои се вакцинирани со двете дози на вакцината ретко се тестираат редовно.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести