spot_img
27.8 C
Skopje
четврток, мај 27, 2021
spot_img

СТРАШНО: ВО МЕКСИКО УБИЕНИ 34 КАНДИДАТИ НА ПРЕСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ

Убиен е уште еден кандидат за градоначалник во северо-централно Мексико, со што бројот на убиени кандидати ширум земјата достигна 34, пред изборите на 6 јуни.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека убиството е несомнено дело на организирани криминални банди, пренесе АП.

Консултантската компанија „Etelekt“ објави дека мнозинството од 34 убиени кандидати се натпреварувале за номинации или се кандидирале за локални позиции.

Експертите наведуваат дека нарко бандите сакаат да става кандидати што ги сакаат во градските собранија и влади, за да можат да дејствуваат без мешање на полицијата и да изнудат пари од локалните компании и владините буџети.

Лопез Обрадор рече дека бандите убиваат кандидати со цел да ги исплашат гласачите да не одат на гласање.

  • Кога има многу воздржани, мафијата доминира на изборите, рече тој.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести