spot_img
20.8 C
Skopje
среда, мај 26, 2021
spot_img

СЕУШТЕ НЕ Е ПОЗНАТО КОЈ ГО ЗАСТРЕЛА АЦА ЛУКАС: Кога видов дека сум готов и дека нема понатаму..

Пред неколку години Аца Лукас беше застрелан и тоа пред својата зграда. Во таа прилика непознатиот напаѓач кон фолкерот пукал од огнено оружје и го рани во ногата. Инцидентот се случи ноќта помеѓу 3 и 4 февруари, во 2009 година. После неколку недели осомничениот беше приведен, по што и се потврди дека тој пукал.

Спорната вечер Лукас тргнал кон својот автомобил, пред зградата во која живееше со сопругата Соња, кога му пришол човек во црна јакна и со качулка на главата. Извадил пиштол, па го ранил и побегнал. Иако ранет Лукас се вратил во станот и повикал брза помош. За среќа, куршумот не прекинал ниеден од главните крвни садови. Пејачот по овој инцидент со месеци одеше со помош на штаки, а секогаш околу него имаше и обезбедување. Случајно или не, ама целата работа се случила можеби во вистинско време затоа што после овој настан Аца реши малку да подзапре и да се смири.

– Кога видов дека сум готов и дека нема понатаму, сфатив дека е крајно време да ги сменам работите. Не само во физичка смисла, туку и кога гледаш дека веќе никој не те гледа нормално и дека ни родената мајка не ти верува, а ти се чувствуваш еуфорично. Тоа е најлошиот стадиум што може да го доживее човек, рекол Лукас во својата исповед за медиумите во соседството.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести