spot_img
25.8 C
Skopje
среда, мај 26, 2021
spot_img

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога и приведени две лица

Денеска(26.05.2021) во 00.20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода К.М.(31) и И.М.(32), двајцата од Гостивар. При претрес во нивниот дом во Гостивар, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле 17 пакувања со бела прашкаста материја.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести