spot_img
25.8 C
Skopje
среда, мај 26, 2021
spot_img

Двајца обвинети за употреба на фалсификувани пари во Гостивар

Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар, додека уште едно лице се товари за помагање при извршување на истото кривично дело.

Првообвинетиот, во три наврати во текот на септември 2020 година, во продавници, аптеки и маркети во Гостивар употребил фалсификувани банкноти од по 50 евра со цел да набави одредени производи. Вработените веднаш не ја забележувале разликата, со што на секое од правните лица му била нанесена штета во износ од по 3.050 денари. Второобвинетиот, пак, ги набавил лажните банкноти и му ги ставил на располагање на првообвинетиот со намера тој да ги пушти во оптек. Притоа го возел до одредените локации и го чекал надвор од наведените места.​​

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести