spot_img
28.8 C
Skopje
вторник, мај 25, 2021
spot_img

СТРАШНО: Повеќе од 200 лица повредени во железничка несреќа во Куала Лумпур

Повеќе од 200 лица се повредени денеска во судир на два лесни возови на подземната железница во подземен тунел во близина на Кула Петронас, во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, соопштија властите.

Несреќата се случила кога еден од возовите, кој бил испразнет по ремонт, удрил во друг воз со 213 патници во него.

Според началникот на локалната полиција Зајнал Абдула, 47 лица се тешко повредени, додека 166 се здобиле со полесни повреди, пренесува Ројтерс.

Несреќата се случила на околу 100 метри од кулите Петронас, позната по тоа што се најголемите кули близначки во светот, со 88 ката.

  • Сè уште го истражуваме инцидентот, но се сомневаме дека можеби имало погрешна комуникација од контролниот центар на железницата – изјави директорот на локалната полиција, Мохамед Заинал.

Видеата и фотографии кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат неколку крвави патници и скршено стакло во внатрешноста на метрото.

Министерот за комуникации Ви Ка Сионг рече дека овој судир е прв голем инцидент во системот на метрото што постои веќе 23 години.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести