spot_img
28.8 C
Skopje
вторник, мај 25, 2021
spot_img

СДСМ: Мицкоски не може да се помири дека во тек е масовна имунизација и не успеа да го поткопа здравствениот систем

Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски од почетокот на пандемијата шират лажни вести, дезинформации, прават опструкции, се обидуваат да го поткопуваат здравствениот систем.

Во Белата палата не можат да се помират со тоа што во државата тече процес на масовна имунизација против коронавирусот.

На почетокот на пандемијата ја лажеа јавноста дека немало доволно тестови, ги кочеа средствата од Светска Банка наменети за инвестиции во здравствениот систем и модуларни болници, Мицкоски јавно ги прекршуваше мерките за заштита, Вело Марковски тврдеше дека вирусот не постои, а Наќе Чулев охрабруваше кршење на превентивните мерки.

Потоа со лажни документи се обидуваа да го поткопаат процесот за набавка на вакцини, па откако сето тоа не им успеа продолжуваат со манипулации.

Граѓаните одамна ги прочитаа лагите на потврдениот дезинформатор Мицкоски, затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред се казнети на избори и уште долго ќе останат во опозиција.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести