spot_img
22.8 C
Skopje
вторник, мај 25, 2021
spot_img

Санкции од ЕУ за Белорусија поради Роман Проташевич

Лидерите на ЕУ27 од самитот во Брисел остро го осудија присилното слетување на авионот на „RyanAir“ на аеродромот во Минск и приведувањето на двајца патници, белорускиот новинар Роман Проташевич и Софија Сапега.

Во заклучоците на Европскиот совет, лидерите на ЕУ повикаа на воведување на низа санкции против белорускиот режим и националните авиокомпании.

Се повикува на итно ослободување на Проташевич и Сапега и на нивната слобода на движење.

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство бара итна истрага за овој невиден инцидент.

Лидерите на ЕУ бараат од Советот на министри да донесе дополнителен список на лица и субјекти што ќе бидат предмет на санкции, но и да усвои насочени економски санкции против Белорусија.

Авиокомпаниите од земјите на ЕУ се повикуваат да избегнуваат летови над Белорусија, а Советот на ЕУ е повикан да донесе мерки со кои ќе се забрани белоруски авиокомпании да летаат над воздушниот простор и пристап до аеродромите на Европската унија.

Состанокот на лидерите на ЕУ продолжи во Брисел со дебата за стратешките односи меѓу ЕУ и Русија.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести