spot_img
30.8 C
Skopje
понеделник, мај 24, 2021
spot_img

СВЕТОТ ВО ШОК: Славниот актер после 14 години откри дека е ХИВ позитивен

Американскиот актер Били Портер одлучил да го прекине молчењето и признал дека е позитивен на ХИВ. Актерот тоа го криел 14 години од сите, вклучувајќи ги и најблиските.

„Се обидував да имам живот и кариера и не бев сигурен дека ќе можам да исполнам сè ако дознаат погрешни луѓе. Тоа би било само уште еден начин луѓето да ме дискриминираат во и онака дискриминирана професија“, рекол Портер.

Во 2007-ма година открил и дека има дијабетес тип 2, па ја смета за најлоша година во неговиот живот.

„Срамот ме замолче и со тој срам живеам во тишина веќе 14 години. ХИВ позитивен, местото од каде доаѓам, растење во многу религиозно семејство, сето тоа звучи како Божја казна“, рекол Портер, откривајќи дека очувот сексуално го злоставувал од 7-та, до 12-та година.

Актерот открил дека бил многу засрамен и исплашен поради ХИВ дијагнозата и дека ја сокрил и од неговата мајка, која веќе се соочила со верски прогон поради нејзиниот син кој е хомосексуалец.

Оваа година конечно ѝ ја признал на мајка си долго чуваната тајна.

„Те сакам без оглед на сè“, бил одговорот на неговата мајка, а актерот сега е подготвен за ново поглавје во животот.

Читај Следно

10,362FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести