20.8 C
Skopje
петок, март 31, 2023

Христос Папас заменик-шефот на екстремно десничарската партија „Златна зора“ се крие во БиХ?

Седум месеци по забраната за дејствување на партијата „Златна зора“, Христос Папас, заменик-шефот на екстремно десничарската партија, сè уште е на слобода.

Батинаш конечно е во затвор, а полицијата сè уште трага по теоретичарот на оваа екстремно десно ориентирана партија Јоанис Лагос (48), поранешен телохранител на Никос Михалолијакос, шефот на грчката неонацистичка партија Златна зора, а подоцна и нејзин претставник во Европскиот парламент, беше екстрадиран од Белгија во Грција на 15 мај 2021 година. Токму тоа ја принуци грчката јавност да се присети на Христос Папас, вториот човек на таа неонацистичка партија.

Седум месеци по историската пресуда со која партијата „Златна зора“ е прогласена за „криминална организација“, јавноста речиси заборави на таа неофашистичка организација. Од една страна, затоа што пандемијата од Ковид-19 фрли скоро сè во втор план, а од друга страна, затоа што десните екстремисти, поради забраните за излегување, немаа можност за расистички напади врз мигранти или за антисемитски вандализам.

Нападот врз новинарот на ДВ, Томас Јакоби во јануари 2020 година, беше последниот инцидент на екстремната десница во Грција. Набргу потоа следуваше првиот локдаун поради короната.

За разлика од белгиските колеги, грчката полиција и министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис бележат невидено фијаско: безбедносните служби го бараат Христос Папас, заменик-лидерот на неонацистичката партија Златна зора Михалолијакос, веќе седум месеци. Иако по пресудата против партијата беше под строг надзор во неговиот стан во Атина, тој успеа да избега на 1 октомври 2020 година. На вториот човек на Златна зора оттогаш му се губи секаква трага. Адвокатот на овој неонацист само кратко изјави дека неговиот клиент нема волја да седи во затвор до судењето.

Од тогаш Интерпол трага по Христос Папас, а во потрагата е вклучена и антитерористичката единица на грчката полиција. Можно е неонацистот да побегнал во странство или на Света Гора, во автономна монашка република во северна Грција. Полицијата го бараше во манастирот Есфигмен во февруари, но без резултат.

Грчката полиција побара помош и од колегите од Србија. Екстремистичкиот десничар Папас повеќепати се пофали со своето пријателство со Воислав Шешељ, претседателот на екстремната националистичка Српска радикална партија и осуден воен злосторник. Но, ниту српската полиција немаше успеџ во неговото лоцирање. Во моментов кружат гласини дека Папас, со помош на српски неонацисти, се крие во босанската Република Српска.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img