spot_img
28.8 C
Skopje
недела, мај 23, 2021
spot_img

Неверојатни слики и видеа од кратерот на вулканот Нјирагонго во Конго

Неверојатни слики од кратерот на вулканот Нјирагонго во Конго, кој штотуку избувна, се шират на социјалните мрежи, а лавата дури стигна до аеродромот во близина на градот Гома.

Владата на Демократска Република Конго активираше план за евакуација на граѓаните од Гома по ерупцијата на вулканот, откако лавата стигна до аеродромот во близина на градот.

Според Ројтерс, луѓето со душеци и други работи и побегнале кон границата со соседна Руанда, додека црвен сјај го исполнил небото над градот.

Вулканологот Дарио Тедеско за Ројтерс најпрво изјави дека се чини дека Гома, град со околу два милиони жители, не е во опасност, а лавата тече кон исток, во правец на границата со Руанда.

Уништени се неколку куќи во селата недалеку од вулканот. Чадот, огнот и силните испарувања се издигнуваат од деловите покриени со лава. Повеќе потреси се регистрирани од утрово во Гома.

Добро познат балкански авантурист, Кристијан Иличиќ од Загреб, имал среќа затоа што, како што напиша, тој вил на врвот на кратерот само неколку часа пред вулканот да започне да еруптира лава.

Тој успеа да направи неверојатни снимки од почетокот на ерупцијата на овој вулкан:

,,
2578895_vulkan-kongo-3_ff

Како што изјави, успеал да го напушти Конго пред лавата да стигне до аеродромот.

Вулканот еруптираше вчера по скоро две децении и исфрли лава на главниот пат кај Гома, чии жители започнаа да бегаат во паника.

За конфузијата имаа влијание и локалните власти, кои првично објавија дека вулканот Џамулагира еруптирал. Растојанието помеѓу вулканот Џамулагира и Нјирагонго е околу 13 километри.

Читај Следно

10,362FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести