spot_img
28.8 C
Skopje
недела, мај 23, 2021
spot_img

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: НАСТРАДАЛЕ 21 УЧЕСНИЦИ НА МАРАТОН ВО КИНА

Најмалку 21 лице го загубија животот како резултат на ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратонот што се одржа во кинеската провинција Гансу, објавија денеска државните медиуми на таа земја.

Трката започна во саботата наутро од туристичкиот центар на брегот на Жолтата река, а за време на патеката од 100 километри, натпреварувачите мораа да поминат низ длабоките кањони и преку ридот до платото, на надморска височина поголема од 1.000 метри.

Во текот на попладневните часови, кога тркачите стигнаа до планинската делница од трасата, имаше ненадеен град, леден дожд и бурен ветер, што доведе до ненадеен и голем пад на температурата, соопштија локалните власти, објави Ројтерс.

Започна обемна операција за спасување на тркачи во која учествуваа 1.200 спасувачи со помош на беспилотни летала и радар за откривање.

Невремето предизвика одрони што исто така ги попречуваа спасувачките екипи.
На трката учествуваа 172 тркачи.

Читај Следно

10,362FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести