spot_img
17.8 C
Skopje
сабота, мај 22, 2021
spot_img

СЕЛМА ХАЈЕК ИСКРЕНО РАСКАЖА ЗА БОРБАТА СО КОВИД-19: Сакав да умрам дома..

Познатата холивудска глумица Селма Хајек откри дека била на работ на смртта по заразата со коронавирусот, и оти „лекарите ја замолиле да оди в болница затоа што била многу болна“, а таа не ги послушала.

Во својот прв есеј за „Њујорк тајмс“, Хајек пишува и за малтретирањето од страна на продуцентот Харви Вајнстин, кој, според наводите, ја уценувал со сексуални услуги и „физички ја исфрлил“ од забавната индустрија, заканувајќи ѝ се по животот.

Критичната епизода со болеста се случила првите денови од пандемијата. Пејачката поминала седум седмици дома на кислород.

– Лекарот инсистираше да одам во болница затоа што состојбата беше многу сериозна – вели актерката и додава: „Не, благодарам. Повеќе сакам да умрам дома“.

Последиците од болеста се замор и пад во енергијата, што таа особено ги почувствувала за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“, каде глуми со Лејди Гага.

Таа, исто така, проговори и за тормозњето што го доживеала од продуцентот Харви Вајнстин.

„Ми беше многу тешко затоа што решив да не бидам жртва, иако бев жртва. Морав да се уверам дека сум борец и после сѐ, преживеав. Кога се случи ова, не знаев дека им се случило и на толку други жени. Бев во депресија со месеци. Навистина ми требаше многу време за да сфатам дека навистина преживеав и дека сум вистински борец“, вели Хајек во својот напис.

Читај Следно

10,363FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести