spot_img
19.8 C
Skopje
петок, мај 21, 2021
spot_img

СТРАШНО: Лекарка му ампутирала ПОГРЕШНА НОГА на пациент

На клиниката во Фрејштад, во провинцијата Горна Австрија, беше направена страшна грешка од страна на медицинскиот тим, кој му ја ампутирал погрешната нога на 82-годишен пациент.

На пациентот мораше да му биде ампутирана левата нога, но по грешка, пред операцијата, беше обележана погрешната нога, изјави директорот на клиниката, Норберт Фрич.

Само еден ден по операцијата, при промена на завојот, откриено е дека погрешната нога е ампутирана.

Истрагата за целиот случај е во тек, а надлежната докторка, по свое барање, беше суспендирана.

– Треба да откриеме како се случила грешката. Сакам јавно да се извинам – рече Фрич.

Особено е трагично што самиот пациент, врз основа на бројни други болести што ги имал, не бил свесен дека му е ампутирана погрешната нога. Тој не бил во можност да ја посочи грешката дури и кога ја обележале ногата.

За жал, пациентот сега мора да остане и без другата нога и таа операција треба да се изврши наскоро.

Читај Следно

10,363FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести