spot_img
19.8 C
Skopje
петок, мај 21, 2021
spot_img

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ХРВАТСКА, ЗОРАН МИЛАНОВИЌ НЕ ПОПУШТА: Се навикнаа да ја “шутираат” Македонија, време е тоа да заврши!

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ не попушти под притисоците на Софија после неговата изјава за бугарската блокада на интеграцијата на Македонија во Европската унија.

„Се навикнаа да ја третираат Македонија како “side kick”, како некој што го шутираш и ако имаш некаков внатрешно-политички проблем кој не можеш да го решиш, тогаш секогаш можеш да удриш по Македонија. Тоа не е во ред“, јасно порача Милановиќ, притоа не попуштајќи на притисоците од Софија.

Да потсетиме, бугарските власти ја повикаа хрватската амбасадорка во Софија, Јасна Огњановац на разговор во бугарското МНР откако Милановиќ отворено започна да ја брани Македонија.

Во понеделникот на самитот на процесот Брдо-Бриони, Милановиќ упати низа на критрики кон контроверзната политика на Бугарија која отворено се меша во внатрешните работи на Македонија и упорно се обидува да ги измени историските факти.

„Тие играат многу примерно и според правилата. Тие ги исполнија сите демократски услови што може да се замислат, тоа е мултинационална заедница во која има многу Албанци и таа соработка е примерна. Ова не се прави во 21. век. Апсолутно не е основа за утрешниот соживот во Европската унија“, порача Милановиќ.

Тој нагласи дека само го кажува тоа што го мислат сите и ги повика и останатите државници да се осмелат да го кажат тоа јавно.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести