spot_img
19.8 C
Skopje
петок, мај 21, 2021
spot_img

Бен Афлек ја запросил Џенифер Лопез

Странските медиуми не престануваат да пишуваат за фактот дека пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се повторно заедно. И тоа по скоро 17 години.

Оваа вест ги воодушеви и нивните обожаватели, а на сите светски фото-агенции се појавија фотографии од аеродромот во Лос Анџелес, на кои се гледа како се враќаат од Монтана со приватен авион.

Сега странските медиуми пишуваат за тоа како актерот не сака да се коцка во втората шанса што му се даде.

Тој, наводно, ја запросил латино дивата на Денот на мајката. Според списанието „New Idea“, само неколку недели откако медиумите пишуваа за помирувањето, Бен повторно клекнал на колена и го поставил прашање.

  • Едноставно, тогаш го забележавме. Бен рече дека не сака да ја изгуби откако доби втора шанса, сакаше да и докаже дека овој пат е засекогаш, рече изворот на споменатото списание и додаде:
  • Тој ја запроси во луксузна ски колиба, во романтична атмосфера, и пејачката се согласи.

Да потсетиме, Бен ја запроси Џенифер во 2002 година, парот ја одложи венчавката за 2004 година кога официјално се разведоа. Двојката порано се нарекуваше „Бенифер“ поради нивната популарност, па дури и по раскинувањето останаа во добри односи, иако досега никогаш не биле забележани заедно во јавноста.

Читај Следно

10,363FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести