spot_img
13.8 C
Skopje
четврток, мај 20, 2021
spot_img

СТРАШНО: Евакуирани 25.000 луѓе во ФРАНКФУРТ

Околу 25.000 луѓе беа евакуирани денес во Франкфурт откако беше откриена бомба тешка 500 килограми од Втората светска војна за време на изградба, објавија властите на германскиот финансиски главен град.

Жителите на густо населената област во Франкфурт мораа да бидат евакуирани пред да експлодира бомбата.

Неексплодирани бомби често се наоѓаат на градилиштата, иако поминаа 76 години од крајот на Втората светска војна.

Минатата година беа уништени седум бомби на парцела близу Берлин, на која американската компанија за електрични автомобили „Tesla“ ја гради својата прва европска фабрика.

Откако беше откриена 1,4-тонска бомба во Франкфурт во 2017 година, 6500 лица беа евакуирани. Тоа беше најголемата операција за евакуација во Европа од 1945 година.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести