spot_img
15.8 C
Skopje
четврток, мај 20, 2021
spot_img

Средба на претседателот Пендаровски со Архиепископот Кирил Васил, словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, претседателот на Словачката бискупска конференција Франтишек Рабек и македонскиот книжевен преведувач и библиограф Стојан Лекоски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Архиепископот Кирил Васил, администратор на епархијата во Кошице, Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачката Република во Република Северна Македонија, Франтишек Рабек, претседател на Словачката бискупска конференција и Стојан Лекоски, книжевен преведувач и библиограф кој повеќе од 15 години живее и работи во Словачка.

На средбата која се одржа по повод промоцијата на библиофилското издание на Прогласот од Константин филозоф – Св. Кирил на старословенски, словачки и македонски јазик, а во пресрет на одбележувањето на делото на Светите Кирил и Методиј, се разговараше за важноста од негувањето на културно-духовната врска меѓу Северна Македонија и Словачка, како предуслов за пријателските односи и градењето на заемна почит и разбирање.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од силните политички, историски и културни врски меѓу Северна Македонија и Словачка и истакна дека нашата држава високо ја цени и силната заложба и поддршка од Словачка во однос на нашите европски интеграции. Претседателот изрази очекување за натамошно динамизирање на соработката меѓу двете држави во областите од заемен интерес.

Соговорниците на средбата порачаа дека афирмацијата и популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Словачка придонесува за унапредување на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Словачката Република.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести