spot_img
11.8 C
Skopje
четврток, мај 20, 2021
spot_img

Поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша и неговото семејство прогласени за ПЕРСОНА НОН ГРАТА ВО САД

Порнешниот албански претседател, премиер и екс лидер на опозицската Демократска партија, Сали Бериша и семејството прогласени се за персона нон грата во САД.

Во изјавата на американскиот државен секретар Антони Блинкен објавена на 19 мај 2021 година, како и на официјалната веб страница на Стејт департментот, стои дека

„во негово официјално својство, посебнокако премиер на Албанија, Бериша бил вклучен во коруптивни активности, како на пример злоупотреба на јавни фондови, вмешаност во политички процеси, вклучително и употреба на моќ за лична корист и збогатување на политичките сојузници, како и челнови на семејството.Понатаму неговата реторика демонстрира волја да се заштити себеси, неговите роднини и неговите политички сојузници на сметка на независни истраги, антикорупциски напори и мерки за одговорност. Со ова назначување, јас ја потврдувам потребата за одговорност и транспарентност во демократските институции во Албанија, владините процеси и дејствијата на албанските јавни функционери.“

Оваа определба, продолжува понатаму е дадена во согласност со Регулативата 7031 (ц) на Стејт департментот за надворешни операции и релевантни програми за финансирање, 2021.

-Покрај Сали Бериша, јавно објавувам дека и неговата сопруга, Лири Бериша, неговиот син, Шкелзен Бериша и неговата ќерка, Аргита Бериша Малтези немаат право да патуваат во САД, посочува Блинкен.

Ова, оценува, ја потврдува посветеноста на САД за поддршка на основните политички реформи за демократските институции во Албанија и нагласува дека САД продолжуваат да бидат со народот на Албанија.

Меѓу оние кои до сега се прогласени за непожелни за САД е поранешниот главен државен обвинител Адриатик Лала, екс градоначалникот на Драч, Ванѓуш Дако и поранешниот пратеник и бизнисемен Том Доши.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести