spot_img
19.8 C
Skopje
четврток, мај 20, 2021
spot_img

Затворен угостителски објект во Аеродром, приведени 9 лица

На 19.05.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во  трговски центар на бул.„Јане Сандански“. При контролата било констатирано дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР, кои одбивале да се легитимираат.

Станува збор за Б.Д.(48) и З.Ц.(49), двајцата од Скопје. Тие и останатите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик. За настанот бил запознаен Одделот за внатрешна контрола при МВР. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.  

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести