spot_img
19.8 C
Skopje
четврток, мај 20, 2021
spot_img

Загрепската полиција пријавила две лица кои за 52.000 евра продале куќа, која не била во нивна сопственост

Загрепската полиција пријавила две лица кои за 52.000 евра продале куќа, која не била во нивна сопственост.

Полицијата прецизира дека директорката на Агенцијата за недвижнини (33) и нејзиниот помошник (67) склучиле два преддоговори со 45-годишна жена, во август 2017 година и март 2019 година, лажно изјавувајќи дека недвижноста е во сопственост на агенцијата и дека не е оптоварена со долгови, и дека нема права на трети лица во однос на сопственоста или поседувањето на куќата.

Покрај тоа ветиле дека ќе направат одредени поправки и прилагодувања на куќата, па оштетената им исплатила 390.000 куни( 52.000 евра) на име купување и продавање на куќа, земја и адаптација.

Откако оштетената им ги исплатила парите, тие не и дозволиле да ја заведе куќата, ниту пак ја адаптирале, а парите ги чувале за себе. По извршената кривична истрага, 33-директорката е приведен, додека асистентот од претходно се наоѓа во истражен затвор.

Кривичната пријава е поднесена до општинското државно обвинителство во Загреб.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести