spot_img
11.8 C
Skopje
четврток, мај 20, 2021
spot_img

“ДРАМА” ГО ЗАПАЛИ ЈУТЈУБ – СТЕФАН ЛАЗАРОВ СО НОВА ПЕСНА (видео)

Најпопуларниот македонски јутјубер Стефан Лазаров веќе се докажа и се етаблираше како еден од најдобрите водители во Македонија и дефинитивно човек што поставува стандарди и руши предрасуди. Македонската публика на јутјуб за помалку од една година дефинитивно му поклони доверба на Лазаров кој создава фан база која расте од ден на ден.

Без влакна на јазикот и брутално искрен, токму затоа и публиката тоа го препознава и верно го следи и поддржува. Секој ќе признае дека за “драма” на јутјуб е без конкуренција, и токму затоа претпоставуваме новата негова песна се вика “ДРАМА”.

Дефинитивно по светски стандарди е и спотот кој внесува свежина на сцената, а за тоа е заслужен Никола Наумовски. Музиката е дело на Тракер, а текстот на Лазаров и Тракер.


Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести