spot_img
22.8 C
Skopje
среда, мај 19, 2021
spot_img

Луѓето на Пабло Ескобар го чуваат водачот на Кавачкиот Клан, Радоје Звицер !

Според информациите на Телеграф, Звицер има фалсификувани документи од Северна Македонија, Хрватска и од Украина. Без оглед на врските со кокаинските картели, неговото апсење е прашање на денови.

Наводниот водач на Кавачкиот клан Радоје Звицер е лоциран од безбедносните служби во регионот, предводени од српските оперативци од МВР и БИА, во една од земјите на Јужна Америка, пишува српски Телеграф.

Звицер постојано менува престојувалиште, како и држави во овој дел од светот за да избега на потерата по него. Но, полицијата му дише во врат. Србија распиша по него меѓународна „црвена потерница“.

– За движењето низ Латинска Америка користи лажни документи, но го чуваат тамошни нарко-босови. Според информациите со кои располагаме има фалсификувани документи од Северна Македонија, Хрватска и од Украина. Без оглед на врските со кокаинските картели, неговото апсење е прашање на денови – навел извор.

Пред неколку дена, фотографии и снимки од мафијашкиот бункер на Вељко Беливук и неговата криминална група беа прикажани на ТВ Прва, во текот на гостувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој рекол дека овие луѓе мачеле, колеле луѓе и ги мелеле. Во тајните простории во Ритопек, Беливук и неговиот клан имале индустриска машина за мелење месо од каде на Звицер му праќале ќебапи, бидејќи тој ќе се изнервирал и ќе побарал ќебапи да бидат направени од некого.

– Тука ги уфрлале деловите од телата кои ги отсекувале. Тука имале чамец и ги фрлале деловите од телата во Дунав за да ги јадат рибите, но човекот посакал ќебапи. Потоа ги варосувале тие простории за да прикријат ДНК – навел Вучиќ и порачал дека додека е жив Звицер нема да биде на слобода.

– Тоа го кажувам зашто ја сакам мојата земја и не можам да поднесам некого да го претворате во ќебапи и не ми е проблем да ризикувам било што – истакна Вучиќ.

Бандата на Беливук на нивниот пријател Звицер со авион му испраќала два вида ќебапи во Црна Гора. Едните биле од сомелено човечко месо од нивните жртви, а другите од свинско месо што го купувале во еден белградски ресторан.

– Ќебапите, веќе испечени, му биле испраќани во две одделни кутии. Наводно сакал да ги јаде и двата вида и сакал сам да процени кои се повкусни – пишува српски Курир.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести