spot_img
22.8 C
Skopje
среда, мај 19, 2021
spot_img

ИНДИЈСКИОТ СОЈ ПОМАЛКУ ЗАРАЗЕН ОТКОЛКУ ШТО СЕ МИСЛЕШЕ?

Британскиот епидемиолог Нил Фергусон денес изјави дека можноста за пренесување на индискиот корона сој В.1.617.2 можеби е малку послаба отколку што се стравуваше прв пат, но дека вакцините може да бидат помалку ефикасни во ограничувањето на неговото ширење.

  • Постои трошка надеж врз основа на неодамнешните истражувања кои, иако се чини дека оваа варијанта сè уште има значителен раст, сепак може да забави – изјави за ВВС, Нил Фергусон, водечки епидемиолог од Империјал колеџ во Лондон, пренесува Ројтерс.

Британскиот премиер Борис Џонсон во петокот предупреди дека појавата на индискиот сој може да ги наруши плановите за укинување на целосното заклучување на земјата до 21 јуни.

Џонсон појасни дека ако се утврди дека индискиот сој е само малку попренослив од британската варијанта, тогаш ублажувањето може да продолжи како што е планирано, но некоја значителна инфективност на вирусот В.1.617.2 може да го принуди да ги преиспита своите планови.

Фергусон, кој е член на владиното советодавно тело за итни случаи (SAGE), рече дека е неблагодарно да се процени сега колку индиската варијанта ќе го надмине британскиот вид и дека се потребни повеќе податоци за тоа.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести