15.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Потера по билети: Само 1.700 влезници за Македонија на мечевите во Букурешт!

Потерата по билетите за настапите на Македонија на мечевите на ЕУРО започна од вчера. Имено како што дознаваме, вкупно 1.700 влезници ќе има за Македонија на средбите во Букурешт против Австрија и Украина. Од тие само 1.200 за обичните фанови кои се зад головите на Арената во Букурешт, ако се знае дека 500 се ВИП и тие се резервирани за ФФМ, играчите, спонзорите и слично.

Инаку за тие мечеви вкупно се продаваат по 13.000 билети, или 25% од вкупниот капацитет на Арената.

Се чини дека спас е само зголемување на капацитетот на 50%, тогаш ќе има и поголем број влезници за нашите фанови кои ќе одат во Букурешт да ја бодрат својата репрезентација за првпат на едно големо натпреварување.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести