spot_img
22.8 C
Skopje
вторник, мај 18, 2021
spot_img

ЕВЕ ДАЛИ ВАКЦИНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ КОМБИНИРААТ

Шпанска студија за комбинирање на вакцини против covid-19 откри дека давањето доза „Pfizer“ на луѓе кои веќе ја примиле првата доза на „AstraZeneca“ е исклучително безбедно и ефикасно, објавија денес истражувачите.

Таканаречената студија „Combivacs“, предводена од шпанскиот државен здравствен институт Карлос III, покажа дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле вакцина „Pfizer“ е меѓу 30 и 40 пати поголем отколку во контролната група на луѓе кои примале само една доза на „AstraZeneca“, известува Ројтерс.

Меѓу 600-те учесници во студијата, забележани се само неколку сериозни несакани ефекти, велат авторите на студијата.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести