spot_img
16 C
Skopje
вторник, мај 18, 2021
spot_img

Ангела Меркел: Израел има право на самоодбрана

Ангела Меркел разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток и ја изрази солидарноста на Германија со Израел.

Ангела Меркел рече дека Израел има право на самоодбрана и го осуди продолжувањето на ракетните напади врз Израел, од Појасот Газа, пренесува АП.

Германската канцеларка рече дека се надева оти конфликтите брзо ќе завршат, имајќи предвид дека има и жртви меѓу цивилите од обете страни.

Од кабинетот на Ангела Меркел наведуваат дека таа посочила дека германската влада ќе продолжи „решително да реагира против протестите во Германија, каде се шират омраза и антисемитизам“.

Една од водечките кандидати за наследничка на канцеларката Меркел, Аналена Бербок од германските зелени, ги осуди ракетните напади врз Хамас и го поддржа израелското право на самоодбрана.

Таа ги повика Германија и Европската унија да ги поддржат напорите на американскиот претседател Џо Бајден да посредува меѓу завојуваните страни.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести