spot_img
25 C
Skopje
понеделник, мај 17, 2021
spot_img

93 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (16.05.2021) спроведена е  зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 93 возачи. Од нив, 41 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести