spot_img
24 C
Skopje
понеделник, мај 17, 2021
spot_img

ХАОС ВО ИЛИНДЕН: НАСИЛНО УПАДНАЛЕ ВО КУЌА И ПОЧНАЛЕ ДА ТЕПААТ КОГО СТИГНАТ

На 17.05.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас.Илинден, постапувајќи по пријава според која во 01:45 часот, заедно со Н.П.(26), со употреба на сила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П..

Според пријавеното, З.П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите. Пријавените лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести