spot_img
22 C
Skopje
понеделник, мај 17, 2021
spot_img

СКАНДАЛ НА ВЕКОТ ВО АМЕРИКА: Дали Бил Гејтс бил присилен да се повлече од Microsoft ?!

Во 2020 година, членовите на Управниот одбор на Microsoft побараа основачот на компанијата Бил Гејтс да ја напушти својата позиција во Бордот, поради истрагата за аферата што ја имаше со вработен во Microsoft, пишува „WallStreet Journal“, а пренесува „Hafington Post“.

Списанието, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, во неделата објави дека компанијата ангажирала адвокатска фирма за да ги испита наводите, бидејќи софтверскиот инженер во 2019 година напишал писмо во кое ги опишувал односите меѓу Гејтс и една жена вработена во Microsoft. Компанијата потврди дека се случила ваква истрага, но тие досега не спомнаа дека на Гејтс му било препорачано да ја напушти својата позиција во Microsoft.

  • Microsoft е свесен за писмо во кое се тврди дека Бил Гејтс се обидел да воспостави интимна врска со вработена во компанијата во 2000 година. Управниот одбор ги разгледа овие обвинувања, со помош на адвокатска канцеларија и спроведе темелна истрага. Преку овој процес, Microsoft обезбедил поддршка за предметниот вработен.

Гејтс поднесе оставка од Управниот одбор во март 2020 година, велејќи дека е „време да се посветиме на филантропија“.

Во изјава за „Wall Street Journal“, портпаролката на Гејтс потврди дека „имало афера пред 20 години што завршила спогодбено“ и инсистирал на тоа дека нема никаква врска со оставката на Гејтс.

  • Неговата одлука за повлекување не е поврзана со ова. Тој веќе неколку години сака повеќе да се посвети на филантропијата – рече таа.

Овие извештаи фрлаат ново светло на однесувањето на Гејтс во средината на приказната за неговиот развод. Бил и Мелинда Гејтс, кои се во брак 27 години, објавија дека се разведуваат претходно овој месец, велејќи дека „не веруваат дека можат да се развиваат како пар во следната фаза од нивниот живот“.

Во написот објавен во неделата, „New York Times“ пишува дека Гејтс имал „репутација“ во Microsoft, кога станува збор за „сомнително однесување“ во близина на жени.

Цитирајќи луѓе кои биле запознаени со ова, „Times“ пишува дека Гејтс „бркал“ вработени жени, а еднаш, по презентацијата, тој ја поканил својата колешка на вечера по електронска пошта.

„Ако не ви е пријатно, преправете се дека ова не се случило, напишал тој во е-поштата прочитана за „Times“.

„New York Times“ даде и повеќе детали за контактот на Гејтс со Џефри Епштајн, засрамениот финансиер кој е обвинет за заведување малолетници. Во 2019 година тие објавија приказна дека Гејтс летал со Епштајн со приватен авион и дека ги посетил „настаните“ на имотот на Епштајн, што наводно ја присилило Мелинда Гејтс да се обрати до адвокат за развод.

„Times“ додава дека деталите во неговата приказна биле вест за Мелинда Гејтс. Бил Гејтс не беше обвинет за ништо, кога станува збор за Епштајн, а тој подоцна изјави дека му е „жал“ што е во контакт со него. Портпарол на Гејтс изјави дека тој се состанувал со него „исклучиво во врска со филантропијата“.

Џефри Епштајн се уби во затвор во 2019 година.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести