spot_img
22 C
Skopje
понеделник, мај 17, 2021
spot_img

Роналдо дефинитивно го напушта Јуве! (ВИДЕО)

Според многумина, најдобриот играч на светот, Кристијано Роналдо (36), по три сезони минати во Јувентус, е пред заминување од Торино.

Оваа информација станува се почеста во последните неколку месеци, а по победата на дербито над Интер пристигна статија во која се вели дека е точно заминувањето на Португалецот од редовите на повеќекратниот шампион на Италија.

Имено, претходната вечер во Торино беше снимено дека скапоцените автомобили на Роналдо се натоварени во специјални камиони, по што тие заминаа во непознат правец.

Да потсетиме, Кристијано е познат обожавател на луксузни автомобили, а својата колекција ја префрли од Мадрид во Торино, кога летото 2018 година го замени дресот на Реал со на Јувентус во трансфер вреден 120.000.000 евра.

За помалку од три сезони, Роналдо одигра 132 натпревари во Јувентус и постигна 101 гол, последниот во „италијанското дерби“ против Интер (3:2) за викендот, кој ја задржа Старата дама во Лигата на шампионите пред последното коло.

Во најлошата сезона, во последната деценија, по девет последователни титули, Торинезите го загубија Скудетото, предавајќи им го на Нероазурите. Сето ова беше проследено со предвремена елиминација од Лигата на шампионите, така што неговиот пласман во најелитното клупско натпреварување сега „виси“.

Ова е токму причината што тренерот Андреа Пирло се споменува како веќе поранешен шеф во клубот. Нема сомнение дека ќе следи ремонт на играчкиот кадар, по што би следел најскапиот играч Кристијано Роналдо, кого Јувентус го плаќа астрономски 30.000.000 евра по сезона.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести