spot_img
14 C
Skopje
понеделник, мај 17, 2021
spot_img

ДАЛИ И СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ МОРА ДА СЕ ВАКЦИНИРАМЕ СИТЕ ?

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави денес дека е многу веројатно сите следната година повторно да треба да се вакцинираат против COVID-19.

Мертенс за новинската група „Funke“ изјави дека во моментов нема информации за тоа кога ќе бидат потребни дополнителни „засилувачки дози“, а здравствените експерти ќе треба да почекаат уште неколку месеци за да видат дали заштитата од вирусот на корона е слаба кај одредени групи на луѓе АП.

Тој додаде дека „вирусот нема да не пушти“ и дека тековните вакцинации нема да бидат последни.

  • Во принцип, мора да се подготвиме за можноста сите да мора да бидат имунизирани и следната година – рече Мертенс.

Скоро 30,4 милиони луѓе во Германија или 36,5 проценти од населението, примиле барем една вакцина до петокот.

Повеќе од девет милиони, или 10,9 проценти од населението, биле ревакцинирани.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести