spot_img
19 C
Skopje
недела, мај 16, 2021
spot_img

166 сообраќајни прекршоци во Скопје, 78 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, пет за возење без возачка дозвола, осум прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.   

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести