spot_img
15 C
Skopje
сабота, мај 15, 2021
spot_img

СТРАШНО: Уште еден торнадо го погодил градот Сунџоу во провинцијата Џангсу во источна Кина

Уште еден торнадо го погодил градот Сунџоу во провинцијата Џангсу во источна Кина

Најмалку едно лице загинало, а повеќе од 60 се повредени откако два торнада вчера ја погодиле Кина, јавила официјалната агенција Синхуа.

Во Вухан, во централната провинција Хубеј, исчезнале шест лица, а 41 се хоспитализирани откако торнадо го погодил квартот Цајдијан во 20.39, по локално време, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на Синхуа.

Како што се наведува, никој од повредените не е во животна опасност.

Торнадото предизвикал ветар со брзина од 23,9 метри во секунда, кршејќи дрвја, рушејќи бараки на градилиштата, се наведува во извештајот.

Уште еден торнадо го погодил градот Сунџоу во провинцијата Џангсу во истчна Кина, усмртувајќи едно лице и повредувајќи 21, од кои две се наоѓаат во тешка состојба.

Ветерот оштетил неколку електроенергетски објекти и срушил неколку фабрички згради во градот Шенгзе, соопштиле пожарникари.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести