spot_img
14 C
Skopje
сабота, мај 15, 2021
spot_img

ПРИНЦОТ ХАРИ ЈА ОТКРИ ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО И ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ

Принцот Хари вчера беше гостин во подкаст-емисија,  а по тој повод зборуваше за својата прва средба со Меган Маркл, напуштањето на кралското семејство и одењето кај психолог.

Во одличното интервју за „Армчер експерт“, принцот Хари опиша како изгледал неговиот прв таен состанок со Меган.

„Се сретнавме во еден супермаркет во Лондон и се преправавме дека не се познаваме. Застанавме неколку метри оддалечени и се допишувавме. Се сеќавам дека луѓето чудно ме гледаа и неколкумина дојдоа да се поздрават со мене. Носев капа и продолжив, гледав во подот за да ме видат што е можно помалку луѓе “, рече Хари со насмевка.

Тој додаде дека поради смртта на неговата мајка, принцезата Дајана, сакал да го напушти кралското семејство во раните дваесетти.

„Тоа е работа, нели? Стиснете заби и завршете ги своите должности. Имав дваесет години и размислував – не го сакам ова. Не сакам да бидам тука. Не сакам ова. Погледнете што оваа работа и ја направи на мајка ми. Како ќе го сторам ова? Да се средам и да имам семејство кога знам дека такво нешто може да се повтори?”, рече тој.

На крајот, тој зборуваше за посета на психолог, потенцирајќи дека Меган најмногу го поддржувала во одлуката да го стори тоа.

„Посетите на психолог го скршија стакленото ѕвоно во кое се наоѓав. Ја извадив главата од песок и помислив дека треба да сменам нешто за да се гордеам себеси и мајка ми и да направам важни промени“, рече тој.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести