spot_img
15 C
Skopje
сабота, мај 15, 2021
spot_img

Еве во кои држави нема да бидат признаени руската и кинеската вакцина против Ковид-19

Министерството за здравство на Австрија појасни дека лицата кои биле вакцинирани во странство со руска или кинеска вакцина против коронавирусот нема да бидат третирани како вакцинирани, односно нема да можат да користат угостителски услуги, хотели, фризери без негативен тест.

„Зелениот пасош“, што Австрија го воведува како „билет“ за угостителски објекти, базени и хотели, нема да може да вклучува вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), поточно руската – Спутник В и кинеската Синофарм.

Сите оние кои биле вакцинирани во странство со тие вакцини, ќе треба да бидат тестирани пред да ги користат „слободите“ што ќе следат со олеснување на мерките од 19 мај, соопшти Министерството.

Министерството исто така не советува лица вакцинирани со руски или кинески вакцини да бидат повторно вакцинирани во Австрија.

Во „зелениот пасош“ ќе има доказ за вакцинација, негативен тест и доказ за прележан Ковид-19.

„Како доказ за вакцинирање, ќе бидат потврдени само оние вакцини одобрени од ЕМА, имено Бионтех-Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон и Џонсон“, се вели во соопштението на Министерството.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести