8.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

ВУЧИЌ: ММФ го промени процентот на растот на Србија, предвидуваат огромен пораст на БДП

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес кажал дека ќе имаат големи вести.

Како што додал, во прашање е најновата процена на ММФ која вели дека е “невероватна за Србија“.

Посетувајќи го пунктот за вакцинирање со припадници на гарнизонот на Белград, Вучиќ порачал дека веста пристигнала синојќа доцна.

Сепак, првобитно не бил сигурен дали смее да ја соопшти.

– Проверете дали смеам да ја објавам таа информација – рекол претседателот пред присутните соработници.

Како што открил подоцна, ММФ го променила процентот на пораст на Србија

– Го промениле на 6 посто. Единствено јас зборував дека може и на 7 – рекол Вучиќ.

При тоа, јавниот долг на Србија спрема неговите прогнози нема да надмине 60,3 отсто од БДП.

Како што оценил, вакцинацијата, па и финансиската помош која им се даде на вакцинираните, ќе го забрза дополнително раздвижување на економијата.

– Ги молам луѓето да се вакцинираат да можеме да ги лекуваме и другите болни – напоменал претседателот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести