spot_img
19 C
Skopje
петок, мај 14, 2021
spot_img

ТАЖНО: Во Индија гром усмрти 18 слонови

Во Индија гром усмрти стадо од 18 слонови. Ова е најголемиот број слонови кои угинале во една несреќа, во областа Асам последниве 20 години.

Владини претставници соопштија дека слоновите биле усмртени кога громот удрил во заштитениот шумски резерват Кандоли. Жители на селото во близина ги известиле надлежните веднаш откако пронашле неколку трупа на животни во шумата.

Во Индија има повеќе од 27.000 азиски слонови, а околу 21 отсто од нив живеат во областа Асам.

Министерот за шуми, Паримал Суклабајда на Твитер напиша дека е „длабоко шокиран“ од смртта на слоновите предизвикана од моќната молња.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести