spot_img
12 C
Skopje
петок, мај 14, 2021
spot_img

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетите постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, односно го нарушиле полицискиот час.

За сите обвинети надлежен јавен обвинител предложи да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести