spot_img
16.3 C
Skopje
четврток, мај 13, 2021
spot_img

Нема докази дека алкохолот влијае на ефектот на вакцините

Тие тврдат дека во информациите на производителите на вакцини или во упатствата на британската здравствена служба, нема ништо што доведува до тој заклучок.

Нема докази дека алкохолот по вакцинирањето против COVID-19 влијае на ефикасноста на вакцината, објави „Британската агенција за регулирање на лекови“ (MHRA), која реагираше по тврдењата на социјалните мрежи дека е потребно да се воздржува од алкохол две недели по вакцинирањето.

  • Досега нема докази дека алкохолот влијае на ефективноста на вакцините против COVID, рече MHRA.

Исто така, ништо во информациите од производителите на вакцини или во упатствата на Британската здравствена служба (NHS) не сугерира ваков заклучок.

Се верува дека теоријата за две недели апстиненција од алкохол по вакцинацијата започна од Русија, каде што еден од водачите јавно предупреди дека алкохолот може да му наштети на способноста на организмот да развие антитела.

Илхем Месауди, директор на Центарот за истражување на вируси на Универзитетот во Калифорнија, вели дека голема конзумација на алкохол генерално го нарушува имунитетот и го прави потрошувачот ранлив на инфекции.

  • Но, кај луѓето кои консумираат алкохол во умерени количини, не постои ризик, истакна таа, објаснувајќи дека не повеќе од два алкохолни пијалоци на ден за мажи и еден за жени се сметаат за умерена количина.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести