spot_img
16.3 C
Skopje
четврток, мај 13, 2021
spot_img

Мбапе знае кој ќе биде виновен ако ПСЖ не ја освои титулата!

Сега за сега се чини дека Лил е на чекор до освојување на титулата во Лига 1, дека ќе го симне од тронот досега неприкосновениот ПСЖ. Секако дека тоа за парижаните ќе биде голем удар, ако се знае кој се игра во тимот од „Паркот на принцовите“.

Килијан Мбапе, ѕвездата на ПСЖ за два дена имаше сосема различни гледишта, но на крај кога сфати дека погреши, сепак ја поправи својата грешка.

Прво тој изјави дека Лил нема да биде тој што ќе ја освои титулата, туку ПСЖ ќе ја загуби.

Сепак вчера на Инстаграм еден од најдобрите фудбалери во светот напиша…

“Секоја чест. Лил би бил фантастичен шампион доколку навистина на крајот биде прв. Ако со осум порази сезонава, ја загубиме титулата тогаш ние ќе бидеме самите виновни“.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести