spot_img
23.4 C
Skopje
четврток, мај 13, 2021
spot_img

ЕВЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО ДОБИЕТЕ ДВЕ РАЗЛИЧНИ ВАКЦИНИ

Повеќето луѓе кои примиле две дози вакцини од коронавирус од различни производители, имале лесни до умерени несакани ефекти, покажува најновото истражување на Универзитетот во Оксфорд.

Студијата испитала повеќе од 800 лица на возраст од околу 50 години и се покажало дека тие имаат несакани ефекти по мешање на дози на вакцини од „AstraZeneca“ и „Pfizer / BioNTech“, пренесува BBC.

Како што се наведува, несаканите ефекти биле краткорочни и немало други безбедносни последици, а волонтерите најчесто се жалеле на треска, замор, главоболки, слабост и болка во мускулите.

Секој десетти волонтер кој добил две дози на „AstraZeneca“ одвоени четири недели, пријавил треска, додека во комбинација на „AstraZeneca“ и „Pfizer“, процентот се зголемил за 34 проценти.

Студијата Com-Cov беше лансирана во февруари за да се види дали втората вакцина може да обезбеди подолготраен имунитет, подобра заштита од нови мутации или едноставно да дозволи размена на вакцини кога клиниките ќе останат без залиха.

Студијата беше проширена во април, кога уште 1.050 волонтери се придружија да ја тестираат комбинацијата на вакцини „Moderna“, „Novavacs“, „ AstraZeneca“ и „Pfizer“.

Првите резултати се очекува да бидат објавени во јуни, а засега прелиминарните резултати се објавени во научното списание „Lanset“.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести