spot_img
16.3 C
Skopje
среда, мај 12, 2021
spot_img

Чеде Јаневски ќе биде асистент во репрезентацијата на Ј. Африка!

Чедомир Јаневски, еден од нашите најдобри тренери и екс селектор на нашата најдобра репрезентација, ќе биде дел од стручниот штаб на селецијата на Јужна Африка. Актуелниот стратег на Олимпијакос Никозија ќе му биде асистент или прв помошник на Хуго Брос.

“Мојот прв соработник ќе биде Чедомир Јаневски, тој моментално не е тука, уште е на Кипар, но набргу ќе ни се приклучи“ истакна Брос.

Инаку покрај успесите на Кипар, Јаневски ќе биде запишан со златни букви во аналите на Вардар како тренер кој во таа 2017 година успеа да го внесе во групната фаза во Лигата на Европа.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести