spot_img
16.3 C
Skopje
среда, мај 12, 2021
spot_img

Индискиот сој на корона е потврден во Словенија

Мутацијата е потврдена на Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Љубљана

Првиот случај на индиска варијанта на новиот коронавирус во Словенија е откриен во примерок земен на 20 април, објавија словенечките медиуми во среда попладне.

Според словенечката агенција СТА, таа информација е објавена на порталот ГИСАИД, а мутацијата е потврдена на Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Љубљана.

Лабораториите што се занимаваат со секвенционирање на геномот на новиот коронавирус, меѓу кои е и лабораторијата на тој институт, прво ги внесуваат податоците за новите варијанти што ги бележат во порталот ГИСАИД.

Тоа е глобална научна иницијатива и примарен извор кој нуди отворен пристап до геномските податоци на новиот корона вирус, пренесува словенечката агенција.

Директорот на Институтот за микробиологија и имунологија, Мирослав Петровец, сè уште не ја потврдил информацијата пред домашната јавност, а се претпоставува дека тоа ќе го стори во четврток на прес-конференција на која ќе го претстави ширењето на нови видови на коронавирус во Словенија т.н. британската варијанта.

Светската здравствена организација неодамна објави дека индискиот вид е позаразен и затоа претставува дополнителна загриженост доколку се прошири на светот.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести