spot_img
16.3 C
Skopje
среда, мај 12, 2021
spot_img

Бени Ганц: Израел нема да ја запре својата воена операција додека не се постигне целосна тишина

Израел нема да ја запре својата воена операција додека не се постигне целосна тишина, изјави министерот за одбрана Бени Ганц, додека воздушните и ракетните напади продолжија во текот на целиот ден.

Обединетите нации изразија загриженост дека ситуацијата води кон општа војна.

Педесет и три Палестинци, од кои 14 деца и шест Израелци загинаа од почетокот на гранатирањата во понеделникот. Израелската војска објави дека убила четворица командири и десетина оперативци на Хамас, но и дека загинал еден нејзин војник.

„Елиминиравме виши командири на Хамас и тоа е само почеток. Ќе им зададеме удари какви што не можеле ни да сонуваат. Ќе ги удриме уште посилно“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Палестинските милитанти испукале повеќе од 1.000 ракети кон Израел од понеделникот, на што се возвраќа со жестоки удари на Газа, при што се уништени три станбени повеќекатници. На жителите претходно им беше кажано да се евакуираат.

Израелските одбранбени сили потврдија дека ова се нивните најголеми напади на Газа од 2014.

Во исто време се случуваат немири во градовите со мешано еврејско-арапско население, при што во Лод, каде што е запалена и синагога, е прогласена вонредна состојба.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести